Четвртфиналниот дуел во Лигата на шампиони меѓу Барселона и Реал Мадрид што во март ќе се одигра на „Камп Ноу“ ќе донесе рекордна посета на фудбалски натпревар во женска конкуренција, откако актуелниот европски првак соопшти дека досега се продадени повеќе од 70.000 билети.
Рекордот според бројот на гледачи на женски фудбалски натпревар на клупско ниво го држи дуелот меѓу Барселона и Реал во 2019 година, кога женското „Ел Класико“ привлече 60.739 на трибините.
За навивачите на Барселона со членски карти влезниците за дуелот против Реал се бесплатни, додека влезниците за другите навивачи се продаваат со попуст од 50 проценти.
Женскиот состав на Барселона втор пат во натпревар на стадионот со капацитет од 99.354 седишта во јануари минатата година се одигра без гледачи поради рестрикциите поврзани со Ковид-19.