Реал Сосиедад во четвртокот објави дека ќе се раздели со тренерот Иманол Алгуасил на крајот од сезоната.

Всушност, одлуката за заминување беше негова.

„Иманол Алгуасил го извести клубот за неговата одлука да не го води тимот следната сезона. По шест и пол години на чело на стручниот штаб, тој одлучи дека е време да се повлече кога ќе заврши оваа сезона. Но, пред да дојде тој момент, имаме уште многу работи за кои вреди да се бориме.

Билет за Европа би бил најдобриот крај што оваа приказна го заслужува. Ти благодариме Иманол“, соопштија од клубот.

Во периодот додека Алгуасил го предводеше клубот, Реал Сосиедад играше пет пати во европските натпреварувања и го освои Купот на кралот во сезоната 2019/2020.

Сосиедад моментално е деветти на табелата, со 42 бода и три последователни натпревари без победа.

Текстот Реал Сосиедад ќе бара нов тренер е превземен од МАКФАКС.