Раководството на Реал сака да се раздели со неколку играчи на тимот во претстојниот зимски трансфер прозорец.
Според Марка, во јануари мадридскиот клуб сака да ги продаде Герет Бејл и Иско, чии договори се со важност до 30 јуни 2022 година. Ова прашање е договорено со стручниот штаб. Тренерот Карло Анчелоти не смета на овие играчи.
Реал Мадрид ќе ја почитува секоја одлука на Марсело, кој сезонава ретко настапува за тимот.
Исто така, клубот чека понуди за Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и Еден Азар.
Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид смета дека е речиси невозможно да се ангажираат квалитетни играчи во јануари, па за евентуални засилувања ќе се чека на лето.