Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас се осврна на обвинувањата од Мадрид дека судиите работат против Реал, во интервју за шпанскиот весник „АС“.

Тебас рече дека станува збор за агресивна кампања и дека Реал преку клупската телевизија манипулира си луѓето. Тебас рече и дека другите клубови сметаат дека употребата на ВАР технолигијата најмногу профитираат Реал и Барселона.

Освен што го критикуваше Реал, Тебас го кажа и своето мислење за начинот на кој Флорентино Перез раководи со Реал Мадрид и за неговата улога во европскиот фудбал.

„Фудбалот на Флорентино ги лаже луѓето. Претставува олигархиски фудбал, претставува фудбал само за богатите. Тој сака да одлучува за сè, дури и за парите што се делат. Некои луѓе во Реал Мадрид грешат што одобруваат се што прави Флорентино, велејќи дека се е во ред. Реал Мадрид треба да има независно мислење“, додаде Тебас.

Првиот човек на Ла Лига: Реал да престанат да се жалат и плачат, а Барселона ќе биде казнета за „случајот Негреира“

Текстот „Реал Мадрид по цел ден плачат, а нивниот претседател ги лаже луѓето“ е превземен од МАКФАКС.