Екипата на Реал Мадрид ужива во галактички спортски момент по ерупцијата на Винисиус и присуството на имиња како Куртуа, Алаба, Милитао или Касемиро, кои се во првите три во светот во своите улоги. Оваа ситуација се одразува и на специјализираниот сајт за вредноста на фудбалерите „Трансфермаркт“, кој му дава предност на Реал Мадрид над вечните ривали Барселона, +130 милиони евра.
Кралскиот тим во моментов го има најскапиот фудбалер во Ла Лига, Винисиус Жуниор, чиј картон според „Трансфермаркт“ чини 100 милиони евра. По него е Педри, „Златното момче“ кој оваа сезона е пред експлозија.
И покрај тоа што Карим Бензема има една од најдобрите сезони во кариерата, французинот поради 34-те години, има цена од 25 милиони евра. Истото важи и за другите ветерани на Анчелоти, како Крос и Модриќ, кои не надминуваат 25 милиони евра.
Вкупната вредност на тимот на Реал е 780,5 милиони евра, а во тимот има 8 играчи кои ја надминуваат вредноста од 50 милиони евра: Куртуа, Милитао, Алаба, Менди, Касемиро, Валверде, Камавинга и Винисиус.
Вкупната вредност на Каталонците е 650,5 милиони евра и расте благодарение на многуте таленти. Прв е Педри со 80 милиони евра, а потоа следат тројца играчи од 45 милиони: Феран Торес, Дембеле и Депај. Последното засилување на „Камп Ноу“, Пјер Емерик Обајеманг се проценува на 15 милиони евра.