Реал Мадрид доживеа пораз од Еспањол и остана без Антонио Ридигер. Дефензивецот одигра само 15 минути против Еспањол, теренот го напушти поради повреда на препоните.

Утрово Карло Анчелоти дозна дека следните три недели ќе го составува тимот без Антонио Ридигер.

Германскиот репрезентативец ќе го пропушти градското дерби со Атлетико и дуелите со Манчестер сити во плјеофот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Ридигер ќе ги пропушти и дуелите против Леганес во Купот на Шпанија и Осасуна во првенството.

Текстот Реал без Ридигер против Атлетико и Манчестер сити е превземен од МАКФАКС.