Со доаѓањето на Ралф Рангник на кормилото, Манчестер Јунајтед сериозно се вклучи во трката за потписот на Ерлинг Халанд.
Норвешката гол-машина е на мета на многу европски гиганти, а се очекувана лето да ја напушти Борусија Дортмунд бидејќи во неговиот договор ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра.
Многу европски гиганти веќе ја започнаа битката за потписот, а Јунајтед има дополнителна помош, а тоа е тренерот Ралф Рангник.
Рангник ќе добие награда од 10 милиони евра доколку го донесе Халанд на „Олд Трафорд“, а наводно Германецот има и свои адути бидејќи беше една од најважните личности при трансферот на Норвежанецот во Салцбург.