Агентот на Серхио Рамос ги демантира шпекулациите дека фудбалерот ќе го раскине договорот со Пари Сен-Жермен.
Братот и агент на дефанзивецот на парижаните, Рене Рамос негира и дека фудбалерот ќе ја заврши кариерата.
-Серхио не планира да ја заврши кариерата или да го раскине договорот со клубот. Без сомнение. Сè додека може ќе игра, иако периодов има физички проблеми, истакна Рене Рамос.
Серхио Рамос дојде во ПСЖ во јули 2021 година. Од тој момент фудбалерот нема одиграно ниту еден меч поради повреда.
Договорот на играчот со ПСЖ е со важност до летото 2023 година. (МИА)