Серхио Рамос долго време ја избегнува француската и шпанска јавност и не одговара на повиците од медиумите, се со јасна цел да ја сочува приватноста во ситуација кога се соочува со нависитна тежок период на професионално ниво.
Стоперот веќе неколку месеци се обидува да ја залечи повредата на листот и ПСЖ во повеќе наврати го одложи неговото деби во дресот на ПСЖ, но во моменти на натпреварувачки фудбалски викенд, конечно се јави со коментар на социјалните мрежи и предизвика посебно внимание меѓу фановите на Реал Мадрид.
„Кралевите“ вчера победија на гостувањето кај Елче со двата гола кои ги постигна Бразилецот Винисиус, средба на која еден од асистентите беше и Лука Модриќ.
Хрватот одново беше стартер во тимот на Анчелоти, но во последните 30-тина минути од мечот, покрај тоа што подели асистенција, ја носеше и капитенската лента која ја доби од Марсело кој беше повлечен од игра. Токму овој детаљ беше искоментиран и од страна на Рамос на социјалните мрежи, кои употребни и хрватски јазик на крајот.
– Ова е веќе капитен….. Ти си голем брате, – му порача Рамос на Модриќ.