Албанската преведувачка во Германија, Сузана Скендери Стариков вчера на Твитер објави супер бомба, порачувајќи дека албанскиот премиер Еди Рама ќе го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО.
Не помина долго, а оваа вест се прошири и на интернет медиумите и не само. Оваа вест на Јавната радио телевизија на Косово дури се пласираше и во централните вести, иако Стариков веќе започна со други „твитови“ кои покажуваат дека сето тоа е шега за 1 април, дознава Алсат.