Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во емисијата „Слободна зона“ на ТВ Клан изјави дека целта на неговата политичка кариера е „да ја обедини Албанија со Косово“.
“Дали треба да бидам претседател на Албанија и Косово? Ова не е во моите планови. Но, обединувањето на Албанија со Косово, да. Тоа е стремежот”, рече Рама.
Тој додаде дека по 2030 година се гледа себеси на друго место и далеку од политиката.