Иван Ракитиќ (37), во недела ќе се збогува со фудбалот по натпреварот меѓу Хајдук и Шибеник. Легендарниот играч од средниот ред и поранешен хрватски репрезентативец беше снимен како седи и плаче по вчерашниот натпревар на „Пољуд“, а сега е познато значењето на тие солзи. Тоа беше неговиот последен натпревар пред домашната публика во Сплит и претпоследен во неговата кариера.

Ова го наведува Далматинскиот портал, во чиј текст се нагласува дека Ракитиќ сè уште официјално не ја соопштил одлуката, но дека донел одлука според која неговата кариера е завршена.

Ракитиќ пристигна во Хајдук ова лето и стана еден од најголемите фудбалери кои играле во националниот шампионат на Хрватска. Тој постигна два гола и пет асистенции во 38 настапи за клубот од Сплит.

Хрватот е легенда на Севилја, имаше брилијантна кариера и во Барселона, пред 20 години стапна на теренот како играч на Б тимот на Базел.. Од 2007 година, тој беше и член на првиот тим на швајцарскиот клуб, пред да замине во Шалке. По четири сезони во Бундес лигата се пресели во Севилја. Од Андалузија замина во Барселона, со која ги освои Ла Лига, Купот на Шпанија и Лигата на шампионите. Играше заедно со Иниеста, Меси, Суаре, Бускетс, Нејмар…За Барселона одигра 310 натпревар.

Од Барселона повторно се врати во Севилја, со која го повторни успехот од 2014 година и во 2023 го освои трофејот во Лига Европа. По кратка епизода во Ал-Шабаб, минатото лето пристигна во Хајдук.

Текстот Ракитиќ ќе се пензионира е превземен од МАКФАКС.