Дебитантот во елитата, тимот на Воска Спорт, ќе ја стартува прволигашката одисеја со црногорски тренер. Едногодишен договор со клубот од Охрид потпиша Миљан Радовиќ.
Договорот го потпишаа претседателот Нефи Усеини и црногорскиот стратег. 46-годишниот стратег Миљан Радовиќ го предводеше Дечич во Црна Гора, каде исто така има работено и во ОФК Грбаљ и во Сутјеска, а во текот на 2018 и 2019 година водел екипи од Индонезија, ДСК Шиваџијанс, Пуне и Персиб Бандунг.
Во 2017 година испиша историја со тимот на Грбаљ, играјќи за првпат во историјата на овој клуб во финалето на Купот на Црна Гора, додека две сезони по ред со Сутјеска (2020/21) и со тимот Дечич (2021/22) бил дел од од Конференциската Лига.