
Одбојкарките на Работнички се на чекор до одбрана на ланската титула во македонскиот шампионат. Во третиот натпревар од финалната серија до три победи, тие се радуваа против Јанта Bолеј со 3-0 (25-12, 25-23, 25-21) и поведоа со 2-1.
Следното соочување е во Кисела вода, а може да биде последно доколку слават актуелните првенки. Во спротивно ќе има мајсторка за првенствениот трон на теренот на Работнички Скопје.
Вчера во Струмица, одбојкарите на Струмица Никоб го добија и третиот натпревар против ГОК Борец и ја освоија десеттата титула првак на Македонија./Gol.mk