Македонија ќе има свој претставник во женскиот одбојкарски Челинџ купот. Минатата недела македонскиот шампион, Работнички жени го потврди својот настап во второто по квалитет натреварување на ЦЕВ.
Она што радува е фактот дека по силните натревари во Сребрената лига, дел од младите девојки ќе одиграат барем едно коло на клубско ниво.
„Овие девојчиња заслужуваат да играат во Европа. Треба да одиме чекор по чекор. Решивме да не се златуваме со пријавување во Лигата на шампионите. Затоа ќе се играме во Челинџ Купот и тоа само со домашни одбојкарки. Се надевам дека ќе одиграме повеќе од едно коло, Одиме чекор по чекор, како што и доликува на екипа со нашето реноме“, истакна спортскиот директор на екипата, Андријана Зафировска.
Во машките евро-куповите Македонија ќе ја претставува првакот Струмица Никоб.