Одбојкарките на Работнички го дознаа противникот од првото коло од новото издание на ЦЕВ Челинџ купот. Одбојкарскиот шампион на Македонија во женска конкуренција силите ќе ги одмери со тимот на Лугој, третопласираната екипа од ланскиот шампионат на Романија.
Првиот натпревар ќе се игра во Романија во периодот од 10 до 12 октомври, додека реваншот е закажан за една седмица подоцна.
Овој двомеч е своевидно враќање на Работнички на европската сцена./Gol.mk/