Пченката во Европа дошла од Јужна Америка со шпанските освојувачи и стана незаменлив дел од исхраната на жителите на стариот континент. Во вкупното производство на житни култури, се наоѓа на второто место, зад оризот, но пред пченицата.
Пченката е богата со скроб, влакна,витамин Ц, витамин А, но тоа исчезнува за време на варењето и печењето.
Нутриционистите препорачуваат пченка во конзерва, бидејќи на тој начин не се губат драгоцените витамини и минерали.
Популарната житарица најмногу се користи во мексиканската кујна каде се спрема на милион начини, додека Европјаните најчесто ја јадат во форма на појадок, или од пченката припремаат здрава каша.
Оваа билка се користи во медицински цели, чај од исушена пченка се пие за болести на мочниот меур и уринарниот тракт, реума, проблеми со срцето, и го забрзува протерувањето на течности од организмот.