Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанокот на воената команда во украинскиот јужен регион Херсон, кој делумно е под руска контрола, соопшти денеска Кремљ.
Во соопштението не е наведено кога Путин присуствувал на состанокот на воената команда.
Путин ги сослушал извештаите на командантите на воздушно-десантните сили и групата армии Дњепар, како и други високи офицери кои го известиле за ситуацијата во регионите Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за делови од Русија, пренесе Ројтерс.
Руските сили се повлекоа од регионалниот главен град Херсон во ноември минатата година и ги засилија своите позиции на спротивниот брег на реката Дњепар во очекување на украинска противофанзива.