На Велигден имало пукање пред хотелот Хилтон во Берлин.

Според првичните информации, најмалку едно лице е повредено.

Пукањето се случило околу пет часот наутро, а засега не се знае кој бил мотивот за пукањето и колку точно истрели биле испукани.

Според медиумите, најмалку едно машко лице е повредено.

Првите податоци од истрагата покажуваат дека во престрелката учествувале најмалку двајца напаѓачи.

Портпаролот на берлинскиот полициски оперативен центар потврди дека во хотелот било употребено огнено оружје.

„Едно лице во таа прилика е очигледно рането во прстот од проектил. Истрагата за позадината и текот на настаните во моментов е во полн ек“, изјави портпаролот на полицијата.

Текстот Пукање пред хотел Хилтон во Берлин на велгиденското утро, има ранети е превземен од МАКФАКС.