Пукање во концертна сала во Мосва, најмалку десетина луѓе се убиени, а многу повеќе се ранети

Најмалку десетина луѓе се убиени, а многу повеќе се ранети според неофицијални извештаи во најтешкиот терористички напад во Русија во последните години, кога вооружени лица отвориле оган и активирале експлозив во голема концертна сала во Москва, пренесува Гардијан.

Фотографиите покажаа дека Музичката сала Крокус Сити е зафатена во пламен додека се појавија видеа од нападот во концертната сала, на кои се гледаат најмалку четворица вооружени напаѓачи како отвораат оган од автоматско оружје додека Русите во паника бегаат да си ги спасат животите.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин го нарече нападот „голема трагедија“. Најмалку 50 возила на брза помош биле испратени на местото на нападот.

„Напаѓачите се претпоставува дека отвориле оган во влезот на зградата за време на концерт, користејќи автоматско оружје, а потоа започнал пожар во зградата“, соопшти службата за итни случаи. Властите соопштија дека во нападот учествувале до пет лица.

Според извештаите на руските медиуми, во областа биле испратени единици на полицијата за немири, додека луѓето се евакуираат.

Пукањето во концертната сала потсетуваше на некои од најлошите терористички инциденти во Европа, како што е нападот на Батаклан во Париз во ноември 2015 година. еден од најлошите инциденти во историјата на земјата.

Руската новинска агенција 112, специјализирана за известување за криминал, објави дека бројот на жртвите достигнува 40 загинати и повеќе од 100 повредени. Не е јасно дали полицијата успеала да ги неутрализира напаѓачите, бидејќи работниците за итна помош рекоа дека евакуирале 100 луѓе кои биле засолнети во подрумот на зградата.

Подготви: Ј. Ѓ.