Сопствениците на ПСЖ стапиле во контакт со директорот на Тотенхем, Фабио Паратичи како можна замена за Леонардо, пренесуваат француските медиуми. Во „Паркот на принцовите“ се вели дека веќе не се задоволни од резултатите на Леонардo и бараат нов спортски директор.
Еден од главните кандидати за неговото место е италијанецот Фабио Паратичи, кој во јуни минатата година премина во Тотенхем откако работеше во Јувентус цели 11 години.
Французите велат дека шефот на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи, не е задоволен што Килијан Мбапе најверојатно ќе го напушти клубот како слободен играч ова лето. Тој, исто така, му замерува на Леонардо за отказот на Томас Тухел, кој шест месеци подоцна ја освои Лигата на шампионите на клупата на Челзи.
Паратичи немаше видлива фудбалска кариера, но израсна во еден од најдобрите фудбалски оперативци. Токму тој како слободен играч го донесе 19-годишниот Пол Погба од Манчестер Јунајтед во Јувентус и го продаде назад во Јунајтед за 100 милиони евра. Го донесе и Кингсли Коман во Јуве бесплатно од ПСЖ, а потоа го продаде на Баерн.
„Би го нарекол прекрасен работник. Навистина не знам кога спие, бидејќи работи 24 часа на ден“, изјави за Гардијан, Хавиер Рибалта, извршниот директор на Парма, кој работеше со Партичи во Јувентус од 2012 до 2017 година.