Пронајдена автоматска пушка во автомобил на патот од Арачиново кон Брњарци, уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино.
При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал Ќ.И., а Е.И. бил сопатник, пронајдена е автоматска пушка и една рамка за пушката.
Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Текстот Пронајдена автоматска пушка во скопско, уапсени две лица е превземен од МАКФАКС.























