Црвениот крст на Македонија, Министерството за надворешни работи и Стопанските комори се мобилизираа за собирање помош за украинските граѓани. Има број на Црвениот крст каде граѓаните можат да се јават и да донираат 100 денари кои директно ќе бидат испратени во Украина. Средствата ќе се собираат до 15 април.
„Врз основа на хуманитарните активности преземени од Црвениот крст собрани се вкупно 2 милиони 784 илјади денари. Потребата е многу голема во моментов“, рече Саит Саити- Генерален секретар на Црвениот крст.
Амбасадорката на Украина во Скопје се заблагодари на солидарноста.
Шефот на дипломатијата, Османи, рече дека постои список на потребни производи кои секоја компанија може да одлучи да ги понуди и да помогне.
„Денес во Украина во бомбардираните болници умираат цивили, деца, жени, болни, недостига храна, вода, лекови. Важно е сите да се мобилизираме да им помогнеме на луѓето“, рече Османи.
Со Украина се солидаризираа и многу други земји. Хуманитарна пратка од 15 тони пристигна од Италија, Германија, а разни други медицински материјали беа доставени од САД.
Еви Шкопи