СДСМ денеска ја продолжи кампањата во Кратово.

Кандидатот за градоначалник во оваа општина, Латко Бојкоски, рече дека ќе инвестира во дигитална инфраструктура преку воспоставување на системот ТИКЕТИНГ. Тој, исто така, вети дека во првата година од мандатот ќе поправи 20 апартмани.

ВМРО-ДПМНЕ одржа средби со граѓани на Велес, каде кандидатот за градоначалник во оваа општина, Марко Колев ја откри програмата за следните четири години. Тој вети поправка на мостот и шеталиштето околу реката Вардар во Велес.

Остануваат уште само 5 дена од предизборната кампања, предизборниот молк започнува во петок, а во недела гласачите ќе можат да излезат на гласање.