реклама

Зимата со себе, покрај ниските температури, носи и дожд, магла и снег, односно зголемена влажност на воздухот.

Со цел полесно да се задржи топлината во просторите за живеење, денешните згради се дизајнирани да бидат енергетски поефикасни. Сепак, со скапите фасади и ПВЦ столаријата, доколку не практикувате редовно проветрување, внесувате нов непријател во вашиот дом – влага.

реклама

Сигурно сте забележале како кога надвор е студено во вашиот загреан стан, прозорските стакла се „замаглуваат“. Станува збор за кондензација која се јавува поради големата температурна разлика помеѓу надворешниот и внатрешниот воздух и е јасен показател дека влагата навлегла во вашиот животен простор.

Но, влагата не се акумулира во становите само поради ниската температура надвор, има и други фактори кои ја предизвикуваат, како пареа од готвење, пеглање и туширање, недоволна вентилација и неисправен или несоодветно искористен систем за греење.

реклама

На долг рок, влагата, мувлата и габите во домот може да доведат до здравствени проблеми како што се замор, мигрена, несоница, исцрпеност, раздразливост и алергиски реакции.

Едно од решенијата секако е редовно проветрување на просториите во кои престојувате. Оптимално би било да се вентилира најмалку пет пати на ден, а се препорачува следново правило:

реклама

  • Ако температурата надвор е под 0 степени, прозорците треба да се отвораат само 5 минути;
  • Кога надвор е од 0 до 10 степени: Во овој температурен опсег доволно е околу 10 минути проветрување;
  • Кога е повеќе од 10 степени: Оставете ги прозорците отворени околу 15 минути.

Дали проветрувањето во зима е единственото решение?

Секако, за максимално рационално користење на енергијата, најдобро е да се инвестира и да се одлучи за нешто професионално и трајно – висококвалитетен систем за вентилација.

Како што беше речено, најважно во спречувањето на влагата и мувлата е просториите постојано да се добро проветрени, односно протокот на воздух да биде доволен.

реклама