Лекот кој е единствена на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во држвата во текот на вчерашниот ден, а пацинтката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска е стабилна, со повремено покачена температура, информираат од Клиниката за инфкетивни болсти.

Пациентката, која се инфицираше во тек на својата работа, е стабилна со повремено покачена температура, без други симптоми на болест. Лабораториските анализи на крвта се следат дневно и се ординира терапија. Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата, велат од Инфективната клиника.

Оттаму додаваат дека лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во државата во тек на вчерашниот ден.

Вчера беа реализирани и веб конзилијарни состаноци со колеги кои ја следат оваа болест во светот и имаат огромно искуство, велат од Клиниката.

Од вработените на Клиниката за инфективни болести кои беа под медицински надзор ниту еден до сега нема пријавено симптоми на болест.

На 30 јули почина жена од Штипско, по убод од крлеж. Од неа се зарази болничарка, која моментално е на Инфкетивната клиника. Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) издаде решенија за изолација за 29 контакти, а само болничарката пројави симптоми. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10 август.

Од контактот со болничарката, издадени се решенија за изолација за уште 11 контакти, 10 членови на нејзиното семејство и колешка од Инфективната клиника. Тие ќе бидат 14 дена под надзор.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.