Полицијата изврши претрес во домот и помошните простории кај Б.С.(35) од селото Слатино, тетовско.

Тој претходниот ден околу 23.50 часот бил приведен на локалниот пат Џепчиште-Варвара поради напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

При претресот се пронајдени и одземени две дигитални ваги и пет кесички со бела прашкаста материја, соопшти МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Приведен тетовец кој нападнал полицајци, во неговиот дом најдена дрога е превземен од МАКФАКС.