Вчера во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 44-годишниот Ф.С. од Штип.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Текстот Претрес во Штип, приведен дилер, пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.