Вчера во 12.50 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода К.Р.(54) од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. К.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Претрес во Велес, пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.