Вчера во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода 43-годишниот Џ.О. од село Дедели.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.
Текстот Претрес Валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице е превземен од МАКФАКС.