„Хаос“ е името на првиот грчки т.н. ултра автомобил што ќе има две верзии и според медиумите во Грција ќе чинат 5,5 милиони, односно 12,5 милиони евра, а го презентираше компанијата „Спирос Панопулос Аутомотив“, јави дописничката на МИА од Атина.
Предвидени се две верзии „Earth“ и „Zero gravity“, едната основна со 2.048, а другата со 3.064 коњски сили, поради што има и разлика во цената.
Автомобилот ќе може да развие максимална брзина до 500 километри на час, а според компанијата за постигнување брзина до 100 километри на час, при основната верзија ќе бидат потребни 1,9 секунди, а „Zero gravity“ ќе ги постигне за само 1,55 секунди.
Предниот дел на автомобилот е направен со елементи од Формула 1, а има две седишта.
Од компанијата соопштија дека ќе има ограничен број автомобили, по 20 за секој континент.