Денеска се очекува повторна средба на делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, а дискусиите ќе се водат преку видеоврска, јави ДПА.

Advertisements

Последните украинско-руски разговори на високо ниво се одржаа во понеделникот, јави ДПА.

Според советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, „работните групи од двете страни работат интензивно“, но предвидува и оти разговорите за ставање крај на војната ќе продолжат уште неколку недели. Позицијата на руските преговарачи стана „поразумна“ и пореална, истакна тој, без да даде детали

Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим.

Тој во видеообраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина.

Прикажи повеќе