Првата приватна мисија до Меѓународната вселенска станица беше лансирана од космодромот Кејп Канаверал, откако беше одложувана неколку пати.
Во вселенското летало Dragon има поранешен астронаут на НАСА и тројца бизнисмени кои платиле по 55 милиони долари за патување, сместување и храна за време на мисијата.
Тие ќе останат повеќе од една недела. Од нив се очекува да спроведат научни експерименти. Нивното летало денеска треба да се приклучи на станицата.