Британските медиуми се занимаваат со потенцијалниот отказ на Иван Јуриќ во Саутемптон, а „TalkSport“ тврди дека причината е лошиот однос што го има тренерот со неколку играчи.
Саутемптон со секое коло е се поблиску до Чемпионшип, има само девет бода и е последен на табелата во Премиер лигата.
Иван Јуриќ го презеде клубот откако Расел Мартин доби отказ во декември и потпиша 18-месечен договор.
На десет одиграни натпревари, Саутемптон забележа само една победа со Јуриќ, против Ипсвич, кој исто така дојде од Чемпионшип оваа сезона,
Јуриќ има клаузула во договорот што му дава можност на клубот да го отпушти на крајот од сезоната, а веќе се шпекулира дека би можел да биде заменет со тренерот на Шефилд Венздеј, Дени Рол, кој исто така се споменуваше во декември, но во тоа време Саутемптон имаше проблем со откупната клаузула во договорот на Рол.
Дополнителен проблем за Јуриќ е тоа што не успеа да изгради добри односи со играчи кои или не ја разбираат или не сакаат да ја разберат неговата филозофија, како и заладените односи со неколку неименувани играчи.
Текстот Прашање на ден е кога Саутемптон ќе го отпушти Јуриќ е превземен од МАКФАКС.