За вакцинација против сезонски грип најголем интерес има кај хронично болни и постари и изнемоштени лица. Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети ја потврди информацијата за МИА дека утре почнува вакцинацијата против сезонскиот грип.
Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари за МИА рече дека за вакцина против сезонски грип главно се одлучуваат хронично болни и постари лица, изнемоштени.
Луѓето се главно веќе едуцирани и сами си се пријавуваат за вакцина на вакцинација.мк, или имаат помлади блиски околу себе, кои ги прават тоа за нив, подвлече таа.
На вакцинација се оди доколку човек е здрав, потсетува таа, напоменувајќи дека со каков било бактериски или вирусен афект, не се оди.
Заради тоа што сепак се руши имунитетот. Мора прво да се оздрави, па да се оди на вакцина, додаде таа за МИА.
Во текот на денов и утре, се очекуваат повеќе информации од надлежните околу вакцинацијата против сезонски грип.
Министерството за здравство вчера информираше дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација.
Според Министерството, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.