Португалскиот великан Порто соопшти дека клубот ја прекинал соработката со досегашниот тренер Бруно Витор.
Порто е првиот тим на Бруно во кариерата, а за тренер беше назначен во јуни. Неодамна во декември беше прогласен за најдобар тренер во португалската лига, откако неговиот тим забележа четири победи и едно реми.
Порто ги загуби последните три натпревари. Прво беа поразени од Спортинг во полуфиналето на Лига купот на 7 јануари, а потоа загубија два последователни натпревари во португалската лига. Порто се наоѓа на третото место на табелата со 40 бодови.
По шест одиграни натпревари, Порто се наоѓа на 18. место на табелата во Лига Европа со осум бодови.
Португалските медиуми пишуваат дека тренерот ја немал поддршката од играчите, а еден од предводниците на бунтот бил ветеранот Пепе, кој одбивал да игра под палката на Витор.
„Пепе не е опција бидејќи тој така сака. Тој повеќе сака да игра видео игри. Има некои кои го сакаат тука, други не го сакаат толку многу”, изјави неодамна тренерот, Бруно Витор.
Стоперот наводно не го гледал мечот против Жил Висенте, преку стриминг платформата „Face It“ било утврдено дека тој во тој момент ја играл популарната видео игра „Кантер Страјк“.
Пеп ова го демантираше на социјалните мрежи, посочувајќи дека мечот го гледал со семејството.
Навивачите со факели пред „Драгао“ стадионот го прославија отказот на Витор. Хорхе Коста треба да биде новиот тренер на Порто.
Текстот Порто го отпушти тренерот, навивачите славеа пред „Драгао“ е превземен од МАКФАКС.