Поротата донесе пресуда во тужбата на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тврди дека Деп физички и сексуално ја малтретирал во повеќе наврати.

Advertisements

Се очекува пресудата да биде прочитана во 15:00 часот локално време, односно 21:00 часот по средноевропско време.

Деп ja тужи Херд за клевета и бара отштета од 50 милиони долари поради текст во „Вашингтон пост“ од 2018 година, во кој таа вели дека е „јавна личност која претставува семејна злоупотреба“. Иако во текстот не го спомнува Деп по име, неговите адвокати тврдат дека индиректно се однесува на наводите што таа ги упати против него во текот на нивниот развод во 2016 година.

Херд поднесе противтужба и бара оштета од 100 милиони долари и рече дека била насилна со Деп само во самоодбрана или одбрана на нејзината помлада сестра. Противтужбата на Херд, која се фокусира на три изјави дадени од поранешниот адвокат на Деп за „Дејли мејл“ во 2020 година, во кои наводите на Херд за семејсно насилство ги нарече голема лага.

Прикажи повеќе