Во тек е постот кој ќе трае до Божиќ, а одредени грешки при постењето предизвикуваат стомачни проблеми како надуеност, гасови и болки, а на крај иако се воздржувате од одредена храна, може да завршите и со неколку килограми вишок. Според нутриционистката Ивана Шарчевиќ, за да ги избегнете овие проблеми, во исхраната мора да внесете и намирници кои ќе ви го зајакнат имунитетот и ќе ви дадат енергија.
Додава дека доколку немате добро осмислен план како ќе се храните за време на постот, многу е можно на крајот да претерате со внесот на јаглехидрати.
Со несоодветна посна исхрана, луѓето многу често се доведуваат на крајот на постот да се здебелени. Покрај тоа, може да дојде до авитаминоза и губење на минерали. Посната исхрана треба да биде разновидна, со многу свежо овошје и зеленчук, мешунки, житарки, одбрани извори на протеини, кои всушност се најголемиот предизвик. За оние кои постат на масло и риба, има поголем избор, но и доколку го одберете построгиот пост постојат опции, вели нутриционистката за „Србија данас“.
Битно, вели, е да ги сведите на минимум тестата, лебот, питите, масните намази, тешките чорби со запршка.
За да внесувате повеќе протеини, таа советува да почнете да ги користите намирниците како киноа, тофу сирење, наутот и леќата, па дури и сејтанот, сојата и темпехот.
Потенцира дека најдобрата комбинација е оброкот да содржи протеини, јаглени хидрати, влакна и добар избор на масти.
Многумина се водат и од мислењето дека посната храна е поздрава храна, па затоа претеруваат во количините. Но, важно е да се нагласи дека секоја храна, може да предизвика сериозни проблеми доколку ја надмине, да речеме, препорачаната дневна количина на влакна. Па, така и да јадете само зелка, која е здрава, во поголеми количини ќе ви донесе надуеност, гасови, неможност за апсорпција на други материи и слично, алармираа таа.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.