Полска од полноќ ќе воведе привремени проверки на границата со Словачка, најави денеска полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.
„Од денеска на полноќ ги враќаме привремените гранични контроли на словачката граница. Ќе ги провериме документите на оние кои влегуваат во Полска“, истакна Камински.
Тој додаде дека мерката ќе биде во сила 10 дена.
Во меѓувреме и чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан денеска изјави дека и Прага воведува привремена контрола на границата со Словачка, пренесе Ројтерс.
„Чешката Република ќе воведе привремени гранични контроли со Словачка од утре за да ги запре илегалните миграциски текови и шверцерите“, наведе Ракусан.