Поларната светлина синоќа можеше да се види на небото над Хрватска, но и низ други држави како Романија, Молдавија, Полска, Германија, Франција, Англија, Грција, Унгарија, Велика Британија и делови од САД.

Астрономот Анте Радониќ вели дека истото може да се очекува и вечерва во Хрватска.

„Поларната светлина се појавува неколку пати годишно, едноставно е тешко да се види, особено ако е облачно. Отпрвин се појавува во многу светли нијанси, а потоа овие бои се интензивираат, за да избледат и повторно да исчезнат кон крајот. Сонцето во моментов е многу активна и се создава геомагнетна бура, тоа се ерупции кои ги оддалечуваат електрично наелектризираните честички од сонцето, а потоа се создава поларната светлина вечерва и во текот на ноќта“, вели Радониќ.

Тој додаде дека последен пат поларната светлина овде можела да се види во ноември минатата година.

Тој предупреди дека оваа појава може да придонесе за прекини во комуникацијата, односно да ги наруши мрежите, ГПС, а во некои делови од светот, како што вели, трансформаторите може да изгорат.