Доколку се прашувате зошто љубовта никако не тропнува на вашата врата, ние го имаме одговорот…
Познатиот психолог Даниел Кахнеман, којшто е добитник и на Нобелова награда, на сите слободни дами им понуди одговор на вечното прашање – Зошто сè уште ја немам сродната личност?!
Сè што ви треба се пенкало и калкулатор, а потоа внимателно применете ја неговата метода со чијашто помош ќе дојдете и до посакуваниот одговор.
Започнете така што ќе замислите дека вашиот живот е сценарио за филм и дека еден ден ќе треба тоа “сценарио” да го раздвоите на повеќе делови.
На секоја епизода (будење, растегнување, возење до работното место, средба со пријателите, момчето) дадете и реден број и време од десет минути до два часа.
А потоа, за секоја епизода поставете ги следниве прашања:
Колку сте биле способни да се фокусирате на другите (0-100%)?
Колку енергија сте имале (0-100%)?
Колку време во текот на овие епизоди сте го чувствувале заедничкиот проток на мисли и чувства (0-100%)?
РЕЗУЛТАТИ:
На крај соберете ги минутите колку што тој ден сте биле будни, а потоа секоја епизода претворете ја во минути и тој број помножете го со делот од времето со којшто сте го означиле одговорот. (на пример, 20% значи дека треба да помножите со 0.20).
Разликата помеѓу бројот на будноста и епизодите на љубов го претставуваат вашиот неискористен љубовен потенцијал.
Па, дали по ова пак ќе мислите дека е мудро да го трошите времето сурфајќи на интернет мрежата и гледајќи во екранот, наместо да отидете некаде и со некого на кафе?