Финалниот ВТА-турнир оваа година ќе се игра во Мексико, а веќе се познати групите во кои ќе играат по четири тенисерки.
Во отсуство на прворангираната светска тенисерка Ешли Барти, прва носителка на турнирот е Арина Сабаленка која важи за фаворит за титулата.
Таа се најде во групата „Чичен Ица“ заедно со Марија Сакари, Ига Швјонтек и Паула Бадоса. Во втората група која го носи името „Теотихуакан“ се најдоа Барбора Крејчикова, Каролина Плишкова, Габриње Мугуруза и Ана Контавеј.
Групите го носат името според древни мексикански градови. Турнирот ќе се игра од 10 до 17 ноември, а најдобрите две тенисерки во секоја група обезбедуваат место во полуфиналето.