Ен Хатавеј се појави на ревијата на Ралф Лорен, кој ја претстави колекцијата за есен 2025 година во Њујорк.
42-годишната актерка се појави во фармерки со светки кои ги искомбинира со класична бела маичка без ракави и беж капут, а косата ја врза во опавче.
Но, многумина го забележаа нејзиниот младешки изглед, а на социјалните мрежи се појавија коментари дека направила естетска операција, лифтинг на лицето или некоја слична процедура за подмладување.
„Таа очигледно била на ботокс“, „Сите во Холивуд се како Бенџамин Батон“ и „Ако имала пластична операција, резултатот е многу добар“, коментираат тие.
Други напишаа дека нејзиниот младешки изглед е резултат на затегнатото високо опавче и посилна шминка.
Текстот Познатата актерка привлече внимание на модна ревија: „Очигледно била на ботокс“ е превземен од МАКФАКС.