Синоќа во 00.19 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во Делчево настанал пожар во стан, сопственост на Ф.Д., во кој во моментот немало никој.

Од Територијалната противпожарна единица Делчево, пожарот е изгаснат.

Подоцна, во 02.00 часот во Итната медицинска помош Делчево, 16-годишна малолетничка, која живее во истата зграда, побарала помош поради отежнато дишење. Извршен е увид.

Текстот Пожар во стан во Делчево, 16-годишно девојче побарало медицинска помош е превземен од МАКФАКС.