реклама
Неделата по Велигден е полна со бројни убави обичаи и верувања. Денешниот ден, првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда.
Постарите велат дека вечерва треба да се гледа во небото. Ако е ведро, без облаци и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија.
реклама
Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека денес по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.
Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија – да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало.
реклама
Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која ѝ е посветена, па оттука грешникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш…
Денешната среда се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на денешен ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло. Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.
реклама