Пол Погба официјално ќе се врати на терените следната година откако и официјално беше потврдено дека сусоензијата од четири години му е намалена на 18 месеци.

Светскиот првак со Франција ќе може да тренира од јануари, а од март 2025 година целосно може да му се врати на фудбалот.

Според Фарбрицио Романо, Јувентус и Погба сега ќе отворат преговори за раскин на договорот и се очекува тој наскоро да биде слободен агент.

Погба беше казнет откако беше позитивен на тестостерон на натпреварот од првото коло минатата сезона кога Јувентус играше со Удинезе.

Текстот Погба и Јувентус ќе ја раскинат соработката е превземен од МАКФАКС.