По 80 години, Пирошка Бакса била принудена да го напушти своето место каде што е родена и израсната, бидејќи таа и нејзиното семејство биле загрозени од руските напади. Иако не сакаше да остави зад себе сè што има, нејзините внуки рекоа дека нема да заминат без неа. Ситуацијата во Украина ги врати спомените од Втората светска војна. Таа рече дека се плаши дека оваа војна ќе ги натера луѓето да го напуштат регионот како бегалци или да се приклучат на војниците, оставајќи никој да не може да се грижи за полињата.
“Моравме да ја напуштиме куќата, да оставиме се зад себе. Мојата ќерка има куче, но моравме да го пуштиме, немавме со кого да го оставиме, сите бегаат. Не можам да спијам на чудно место. Не можете да засадите старо дрво на ново место, тоа ќе овене. Ова патување е тешко за мене”, вели Бакса.
Како Пирошка Бакса, околу 660.000 други Украинци ја минале границата во соседните земји, како што се Полска, Романија, Словачка, Унгарија, Молдавија. Додека Европската унија проценува дека околу 4 милиони луѓе може ќе се обидат да ја напуштат земјата поради руската окупација.
Во Атина пристигна автобус со десетици бегалци кои бегаат од Украина.
„Се исплашив, што да кажам, не верувавме во првите денови, што се случува. Еден ден ќе се разбудите и не разбирате што се случува, а вашиот живот повеќе нема да биде како што беше, се исплашив. Повеќе за луѓето и семејствата кои останаа таму, и многу луѓе што ги познавам, моите братучеди се борат и ние сме исплашени“, вели Дијана, жителка на Лвив.
Полска подготвува медицински воз за транспорт на повредените Украинци, во Унгарија и Романија на бегалците им се даваа пари за храна и облека. На децата им се обезбедуваат места во локалните училишта. Во Полска и другите земји на границата со Украина, бегалците можат да останат во прифатните центри доколку немаат пријатели или роднини. Таму им се дава храна и медицинска нега.
Земјите некогаш имаа временски ограничувања за тоа колку бегалци може да дојдат во прифатните центри, но повеќето велат дека веројатно ќе се откажат од нив и дека Украинците можат да останат таму онолку долго колку што им е потребно. ЕУ се подготвува да им даде на Украинците кои бегаат од војната целосно право да останат и да работат во сите 27 земји до три години.
Еви Шкопи