Bо НБА лигата изминатата ноќ се одиграа три натпревари, два од првото коло од плеј-офот во Источната конференција и еден на Западот.

Advertisements

Бостон Селтикс поведе со 2:0 против Атланта Хокс по победата од 119:106, откако надомести -11 кои Аталната ги стекна во раната фаза од натпреварот. Џејсон Тејтум беше прво име во победничката екипа со 29 поени, 10 скока и шест асистенции, три поени помалку со седум скока забележа Дерик Вајт. Дежонте Мареј постигна 29, а Тре Јанг 24 за поразените Хокс.

Во истата конференција Кливленд ги порази Њујорк Никс со 107:90. Њујорк подобро влегоа во натпреварот, ја доби првата четвртина, но во втората Кливленд се разбуди ја истпои разликата, а пота изгради предност која во еден момент изнесуваше 29 разлика.

Кај Кавси одличен беше Дариус Гарланд со 32 поени и седум асистенции, Крис Леверт уфрли 26 поени, а Донован Мичел 17 со 13 асистенции. Кај Никс само Џулиус Рендл (22) и Џејлен Брунсон (20) постигнаа по 20 или повеќе поени, но и двајцата со имаа лош процент на реализиција. Рендл шутираше 8/20, а Брансон само 5/17 од поле.

Откако го претрпеа првиот пораз минатиот натпревар по осумте последователни победи со Кевин Дурент на паркетот, Феникс Санс во вториот меч славеа против ЛА Клиперс. Феникс славеа со 123:109. Девин Букер ги предводеше Феникс со 38 поени и девет асистенции, Дурент постигна 25.

Кај Клиперси најдобар беше Кави Ленард со 31 поен, осум скока и седум асистенции, Расел Вестбрук мечот го заврши со 28 поени.