Иако ситуацијата со принцот Хари и Меган Маркл беше неизвесна до последен момент, овој пар сепак се појави на церемонијата на „Триумфот на бојата“ во Лондон, што беше почеток на централната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, пишува Глоси.

Ова е првпат Меган Маркл и принцот Хари со синот Арчи и ќерката Лилибет да дојдат во Велика Британија, откако пред две години се откажаа од кралските должности.

Нивниот изглед ја реши дилемата на многумина, а она што го привлече вниманието на љубопитните посетители, но и на јавноста, е што правела младата војвотка од Сасекс додека разговарала со 11-годишната Савана Филипс и нејзината сестра Исла (10), Лена Тиндал (3) и нејзината постара сестра Миа (8).

Имено, Меган го ставила прстот преку уста за да им покаже на децата дека треба да молчат додека од прозорец ја гледаат Парадата на гардата на коњите во центарот на Лондон.

Нејзиниот сопруг, принцот Хари, исто така се појави да ги „замолчи“ децата на посебна фотографија, пред парот да се види како разговара со војводата од Кент, кој беше облечен во неговата црвена воена туника, украсена со медали.

Меган им се придружи на својот сопруг и членовите на кралското семејство, вклучително и војвотката од Кембриџ и војвотката од Корнвол, за да го проследат спектакуларниот воен настан.

Меѓутоа, и овој пат кралицата имаше непријатно изненадување за оваа „отпадничка“ двојка.

Не можеле да ја гледаат познатата Парада од балконот на Бакингемската палата, бидејќи била резервирана само за членовите на кралското семејство.

Хари за оваа пригода облече бела кошула и темно сино одело, а Меган беше во комбинација на облека од потемни бои и со фантастичен шешир. Американската актерка обожавала да го носи овој моден детаљ додека ги извршувала службените обврски во Велика Британија.

Ова денешно појавување е нивно прво појавување на официјален настан по одлуката да се откажат од службената должност. Неколку месеци пред прославата на јубилејот, Хари истакна дека размислува дали да дојде во Лондон со семејството од страв за нивната безбедност.

Во меѓувреме, прашањето за нивната безбедност е решено на соодветен и можен начин – така што Хари, Меган и децата нема да бидат придружувани од вооружените сили 24 часа, туку ќе имаат обезбедување на јавните собири.

Треба да се напомене и дека кралицата Елизабета Втора вчера испратила автомобил и нејзините тројца офицери да ги пречекаат Хари и неговото семејство по слетувањето на аеродромот во Хемпшир. Постои можност Елизабета Втора да го прескокне коњичкото дерби во Сари поради првиот роденден на нејзината правнука Лилибет Дијана, со која сега се запозна.