Пирели ќе стане официјален снабдувач на гуми во „карлската класа“ од 2027 година, кога категоријата започнува нова ера во која моќноста на моторот ќе се намали од 1.000 на 800 кубни сантиметри.
Италијанскиот производител на тој начин ќе го замени Мишлен и ќе стане единствен снабдувач во сите три класи во кои се натпреварува со моторите со внатрешно согорување. Оваа соработка ќе се прошири и во класата MoтoE, а веќе ги вклучува и повеќето од пониските категории.
Светскиот шампионат и Пирели моментално работат на последните детали од договорот, кој ќе биде ексклузивен и ќе трае до крајот на 2031 година.
„Стратегијата да се има еден добавувач на гуми за сите класи ќе обезбеди совршен развојен пат за идните шампиони да ги покажат своите вештини на патеката. Наскоро ќе бидат објавени дополнителни детали за самите гуми и спецификациите кои Пирели ќе ги испорача“, се вели во соопштението на владеачкото тело на светскиот мотоциклизам, Дорна.
Во однос на моменталната ситуација, Дорна нагласи дека француската компанија ќе продолжи да дава техничка поддршка и првокласна технологија, гарантирајќи безбедност и одлични трки во најсилната класа во светот.
Минатиот викенд во Тајланд започна овогодинешниот Мото ГП шампионат, победи Марк Маркез на Дукати, а следната трка ќе се вози во Аргентина, од 14 до 16 март.
Текстот Пирели влегува во Мото ГП за нова ера од 2027 година е превземен од МАКФАКС.